Главно мени
Насловна
За нас
Програми
Проекти
Активности
Ресурси
Фото галерија
Линкови

Најавување





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете

   
Пaртнери и донатори

 

Насловна arrow За нас

За нас Испечати Е-пошта
Историја

Во 1996 година во рамки на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија ФИООМ започна со работа Програмата за унапредување на меѓуетничките односи. Во почетокот, оваа програма беше исклучиво насочена кон доделување на финансиска поддршка на формални граѓански иницијативи на полето на меѓуетничките односи. Програмата беше финансирана од ФИООМ, Фондација Крал Бодуен (King Baudouin Foundation–KBF) и Фондацијата Чарлс Стјуарт Мот (Charles Sewart Mott Foundation).
По вооружениот конфликт во 2001 година, се наметна нов предизвик пред Програмата за унапредување на меѓуетничките односи. Од тука, во периодот од 2002-2005 година, програмата имаше основна идеја да излезе во пресрет на локалните заедници преку проактивен пристап. Продолжија финансиски да се поддржуваат локални формални и неформални групи на граѓани. Во овој период целите на програмата беа: 
  • Воспоставување и развој на подобри односи меѓу различните групи во етнички мешани средини;
  • Градење меѓусебна доверба преку подобро меѓусебно запознавање на традицијата, културата, религијата и јазикот;
  • Промоција на вредностите на толеранцијата, дијалогот, соживотот и зачувувањето на мирот;
  • Соработка и вмрежување на НВО и неформални граѓански групи.
Заеднички вредности

Како резултат од 9 годишната работа на Програмата – Унапредување на меѓуетничките односи се појави потребата оваа програма да се осамостои и истата да продолжи да делува како независно Здружение на граѓани. Во Фебруари, 2005 година се формираше Здружението на граѓани за поддршка на меѓуетничкиот дијалог и развој на заедницата ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ.
Мисијата на здружението е насочена кон иницирање и поддршка на граѓански дијалог за рамноправно учество на етничките заедници што живеат во РМ во одржлив развој на локално и на национално ниво.
 
Цели кои се поставија пред здружението:
  • Промоција на граѓанскиот принцип и активно учество на етничките заедници во процесот на донесување одлуки;
  • Информирање на јавноста и нејзино активно лобирање на одржлив развој на заедницата;
  • Засилување на капацитетите на НВО за успешно адресирање проблеми и потреби и активно вклучување во процесите на донесување одлуки на локално и на национално ниво
Овие цели ЗВ ги остварува преку следните oбласти на делување:
  1. Легислатива / имплементација на закони
    - Публикување на брошури, прирачници
    - Организирање на јавни дебати
    - Истражувања на јавно мислење
    - Мониторинг на локална администрација во спроведување на законите
    - Јавни кампањи
  2. Градење на капацитети
    - Обуки за институции, НВО и граѓани
    - ТоТ – Спроведување на обука за обучувачи
  3. Меѓународна соработка
    - Членство во неформални и формални меѓународни мрежи
    - Регионални партнерства
    - Меѓународни конференции и семинари
    - Состаноци со Европска Комисија

 
Адреса:
Здружение на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата Заеднички вредности - ЗВ

Бул. Климент Охридски 7/1
п.фах. 589
1000 Скопје,
Република Македонија
Телефон:
+389 2 3113 966
+389 2 3113 907
+389 2 3217 242
Факс: +389 2 3217 240
Е-маил: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
 

© 2010 www.cv.org.mk
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.