|
Регионална конференција “Малцинства, регионална стабилност и сигурност во Југоисточна Европа“ |
|
|
|
Преставник на Заеднички вредности учествуваше на регионалната конференција “Малцинства, регионална стабилност и сигурност во Југоисточна Европа“, која беше оргазнирана од страна на Италијански совет за социјални науки “Етнобарометар“ од Италија.
Конференцијата се одржа на 27-28 април, 2009 година во Cluj, Романија каде учествуваа преставници од граѓански здруженија и преставници на научни институции од Романија, Србија, Македонија и Грција.
На конференцијата се дискутираше за позитивни примери кои придонесуваат
за подобрување на меѓуетничките односи во државите на Југоисточна
Европа.
Како заклучок од конференцијата произлезе позитивните примери да бидат
почетна иницијатива преку кои учесниците од регионот низ разни проекти
да иницираат процеси за порелаксирани меѓуетнички односи во
Југоисточна Европа.
Соработката со “Етнобарометар“ и во иднина продолжува имајќи ја во предвид експертизата на двете асоцијации.
|