Главно мени
Насловна
За нас
Програми
Проекти
Активности
Ресурси
Фото галерија
Линкови

Најавување





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете

 
 
Анкета
Кој најмногу може да придонесе во изградбата и оддржувањето на „здрави“ меѓуетнички односи?
 
Пaртнери и донатори

 

Насловна

Обука за млади лидери Испечати Е-пошта
Во периодот од 14 до 17 мај, 2009 година во хотел Срна  во Маврово  се одржа третата обука од серијата обуки  за младински лидери. Истата  беше дел од проектот Меѓуетничкиот дијалог во средните училишта во Република Македонија- МОЗАИК.
Обуката вклучи ученици од три средни училишта- „Арсени Јовков“ од Скопје, „Никола Штејн“ од Тетово и „Чеде Филиповски“ од Гостивар во кои учат ученици од различна етничка припадност- македонци, албанци, турци, роми.
На обуката присутвуваа и професори од училиштата, кои претходно поминаа серија на обуки за човековите права, надминување на стереотипи и предрасуди, развој на позитивни меѓуетнички односи во учулиштата.
За време на обуката учесниците  преку интерактивни предавања и вежби имаа можност за стекнување знаења и практицирање на наученото од следните области: Лидерство и техники на лидерство, практицирање на „Боал“ техниката, техника ( код) за слушање; Дијалог и партнерство, Симулација на интеретнички дијалог. Исто така учесниците подготвија план на активности кои ќе бидат реализирани во нивните училишта во наредните месеци.
Во рамки на завршната обука, на 16 мај се одржа и свечена вечера, на која покрај учесниците присуствуваа претставници на донаторите- Делта за Балканот и ФИООМ, директорите на училиштата ,  тимовите на наставници вклучени во Мозаик, како и дел од родителите на учениците.
На учесниците им беа доделени сертификати за успешно завршен циклус на обуки.
Обучувачи на обуката беа: Церемијас Карвало, Сабри Шабани од ДЕЛТА за Балканот, Едита Мерсими и Анита Војновска- Наумовска од Заеднички вредности.
Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Ирската Влада и Фондацијата Институт отворено општество Македонија.
 
< Претходно   Следно >

© 2010 www.cv.org.mk
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.