Главно мени
Насловна
За нас
Програми
Проекти
Активности
Ресурси
Фото галерија
Линкови

Најавување





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете

 
 
Анкета
Кој најмногу може да придонесе во изградбата и оддржувањето на „здрави“ меѓуетнички односи?
 
Пaртнери и донатори

 

Насловна

Работилница на тема: “Ефективно учество, ефективна администрација и локален економски развој во поглед на почитување на правата на етничките заедници” Испечати Е-пошта

DSC06799.JPGНа 12 ноември, 2009 година, во Општина Чаир, Скопје се одржа работилница на тема: “Ефективно учество, ефективна администрација и локален економски развој во поглед на почитување на правата на етничките заедници”. На работилницата присуствуваа претставници на ЕЛС, Советот на општина Чаир, претставници од  Комисијата за односи меѓу заедниците од општина Чаир и претставници од граѓанските организации.

На работилницата говореа: Седар Дамијан – политички советник во мисијата на Европска унија,  Шаип Зенели, заменик градоначалник на општина Чаир, Хајрије Ахмед, претседател на Заеднички вредности од Скопје, Ахмет Јашаровски, извршен директор на НВО Дром од Куманово, Селман Речи, раководител на одделение за Локален економски развој од општина Чаир и  Вебија Ризванович, претседател на Комсијата за односи помеѓу  заедниците од општина Чаир.  

Присутните беа запознаени со фактичката состојба за застапеноста на етничките заедници во јавната администрација, за функционалноста и искуствата на Комсијата за односи помеѓу заедниците од нејзиното формирање до денес и  за идните чекори за економски локален развој во општина Чаир.

DSC06794.JPGПосебен  интерес за дискусија имаше кај вработените од јавната админстрација од општината и кај претставниците од граѓанските организации.

Модратор на работилницата беше Игор Тасески, Центар за граѓанска иницијатива, Прилеп.

Работилницата беше организирана  од страна на „Заеднички вредности“ од Скопје во парнтерство со НВО „Перспектива“ од Скопје во рамките на проектот „Човекови права – база за локален економски развој“, финансиран од Европска комсија.

 
< Претходно   Следно >

© 2010 www.cv.org.mk
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.