|
Работилница на тема Локален економски развој – вклученоста на етничките заедници во креирањето на локалните политики |
|
|
На 23 ноември, 2009 година, во сала на советот на општина Врапчиште се организираше работилница на тема: Локален економски развој – вклученоста на етничките заедници во креирањето на локалните политики.
Работилницата се организираше со цел запознавање со локалниот економски развој, кои се принципите, пристапот кон етничките заедници и нивна вклученост во креирање на локалните политики општина Врапчиште.
Учествуваа претставници на ЕЛС, Советот на општина Врапчиште, претставници од Комисијата за односи меѓу заедниците од општина Врапчиште, претставници од јавните претпријатија и претставници од граѓанските организации од општината.
Работилницата беше организирана од страна на Заеднички вредности од Скопје со локалниот партнер НВО Милениум од Врапчиште финансирана од Европската комисија во рамките на проектот Човекови права – база за економски локален развој.
Дневен ред
|