|
Работилница на тема: Децентрализација – можност за локален економски развој во општина Сопиште |
|
|
На 22 декември, 2009 година во Сопиште се одржа работилница на тема “Децентрализација – можност за локален економски развој во општина Сопиште”.
Целта на работилницата беше запознавање со локалниот економски развој, кои се принципите, пристапот кон локалниот економски развој и се отвори дискусија и прашања за проблемите и потребите на општина Сопиште со цел изнаоѓање решенија за надминување на истите.
На работилницата земаа учество претставници на ЕЛС, Советот на општина
Сопиште, претставници од Комисијата за односи меѓу заедниците од
општина Сопиште и претставници од јавните претпријатија.
Настанот
беше организиран од страна на здружението на граѓани за поддршка на
меѓуетнички дијалог и развој на заедницата Заеднички вредности од
Скопје, во рамките на проектот „Човекови права – база за локален
економски развој“,финансиран од Европската унија.
|