|
Врапчиште - ИПА фондови како можност и перспектива за локален економски развој |
|
|
|
На 29 април во општина Врапчиште со почеток во 10:00 часот се работилница на тема: „ИПА фондови како можност и перспектива за локален економски развој“.
Целта на работилницата беше запознавање со фондовите ЕУ, пристапот до истите и можностите кои ги нудат.
На работилницата присуствуваа претставници на ЕЛС, Советот на општина Врапчиште, претставници од јавните претпријатија и претставници од граѓанските организации како и претставник од Македонскиот центар за европско образование од Скопје.
Настанот беше организиран од страна на здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата Заеднички вредности од Скопје во партнертство со невладината организација Милениум од Врапчиште, во рамките на проектот „Човекови права – база за локален економски развој“, финансиран од Европската унија.
|