|
ОПШТИНА ЧАИР - ИПА ФОНДОВИ КАКО МОЖНОСТ И ПЕРСПЕКТИВА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ |
|
|
|
На 12 Мај, во општина Чаир со почеток во 10:00 часот се организираше работилница на тема: „ИПА фондови како можност и перспектива за локален економски развој“.
Целта на работилницата беше запознавање со фондовите ЕУ, пристапот до истите и можностите кои ги нудат.
На работилницата присуствуваа претставници на ЕЛС, Советот на општина Чаир, претставници од Комисијата за односи меѓу заедниците, од граѓанските организации како и претставник од Македонскиот центар за европско образование од Скопје.
Настанот беше организиран од страна на здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата Заеднички вредности од Скопје во партнертство со невладината организација Перспектива од Чаир, во рамките на проектот „Човекови права – база за локален економски развој“, финансиран од Европската унија.
|