|
Потпишување на Меморандум за соработка за јакнење на капацитетот на Комисиите за односи меѓу заедниците преку проектот МЕК |
|
|
Здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата Заеднички вредности во соработка со Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните“, на ден 16 јуни,2010 година, со почеток од 10.00 до 11.00 часот, во просториите на ГЕМ Клубот, во Стара Чаршија, ќе организираат средба на која ќе се презентираат проектните цели и активности, при што ќе се потпише и Меморандум за соработка со четири општини: Општина Чаир, Тетово, Гостивар и Дебар.
На средбата ќе учествуваат Градоначалници од горенаведените општини, претставници на локалната самоуправа и претставници од Комисиите за односи меѓу заедниците.
Проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните“ е поддржан од Европска унија.
|