Главно мени
Насловна
За нас
Програми
Проекти
Активности
Ресурси
Фото галерија
Линкови

Најавување





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете

 
 
Анкета
Кој најмногу може да придонесе во изградбата и оддржувањето на „здрави“ меѓуетнички односи?
 
Пaртнери и донатори

 

Насловна

Обука „Mеѓународни стандарди за човекови права, остварување на правата на немнозинските заедници во Република Македонија и интеркултурно учење“ Испечати Е-пошта
obuka-1.jpgЗдружение на граѓани за поддршка на меѓуетнички односи и развој на заедницата Заеднички вредности – Скопје во период од од 26 – 27 јуни 2010 година во хотел Дрим, во Струга организираше обука на тема: „Меѓународни стандарди за човекови права, остварување на правата на немнозинските заедници во Македонија и интеркултурно учење“.

Обуката се организираше со цел учесниците да се стекнат со знаења и вештини за меѓународните и домашните стандарди за човекови и малцински права, со акцент на обврските произлезени од Охридскиот рамковен договор, како и со методи и техниките за конструктивно разрешување конфликти, медијација, стереотипите и предрасудите.

obuka-3.jpgУчесници на обуката беа: членови на Советот и Комисиите за односи меѓу заедниците од четирите општини вклучени во проектот: Општина Чаир, Тетово, Гостивар и општина Дебар. Вкупно 25 учесници.

Обучувач на обуката  беше  г-дин Лулзим Хазири од Асоцијација за Демократски Иницијативи – АДИ од Гостивар.

Обуката се организираше во рамките  на  проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните“ (МЕК), финансиран од Европската унија. Проектот се имплементира во партнерство со Фондацијата Метаморфозис.
 
Следно >

© 2010 www.cv.org.mk
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.