Главно мени
Насловна
За нас
Програми
Проекти
Активности
Ресурси
Фото галерија
Линкови

Најавување





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете

 
 
Анкета
Кој најмногу може да придонесе во изградбата и оддржувањето на „здрави“ меѓуетнички односи?
 
Пaртнери и донатори

 

Насловна

Обука „Mеѓународни стандарди за човекови права, остварување на правата на немнозинските заедници во Република Македонија и интеркултурно учење“
obuka-1.jpgЗдружение на граѓани за поддршка на меѓуетнички односи и развој на заедницата Заеднички вредности – Скопје во период од од 26 – 27 јуни 2010 година во хотел Дрим, во Струга организираше обука на тема: „Меѓународни стандарди за човекови права, остварување на правата на немнозинските заедници во Македонија и интеркултурно учење“.

Прочитај повеќе...
 
Потпишување на Меморандум за соработка за јакнење на капацитетот на Комисиите за односи меѓу заедниците преку проектот МЕК
Здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата Заеднички вредности во соработка со Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните“, на ден 16 јуни,2010 година, со почеток  од 10.00 до 11.00 часот, во просториите на ГЕМ Клубот, во Стара Чаршија,  ќе организираат средба  на која ќе се презентираат проектните цели и активности, при што ќе се потпише и Меморандум за соработка со четири општини: Општина Чаир, Тетово, Гостивар и Дебар.

На средбата ќе учествуваат Градоначалници од горенаведените општини, претставници на локалната самоуправа и претставници од Комисиите за односи меѓу заедниците.

Проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните“ е поддржан од Европска унија.
 
ОПШТИНА ЧАИР - ИПА ФОНДОВИ КАКО МОЖНОСТ И ПЕРСПЕКТИВА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
На 12 Мај, во општина Чаир со почеток во 10:00 часот се организираше работилница на тема: „ИПА фондови како можност и перспектива за локален економски развој“.

Целта на работилницата беше запознавање со фондовите ЕУ, пристапот до истите и можностите кои ги нудат.
На работилницата присуствуваа претставници на ЕЛС, Советот на општина Чаир, претставници од Комисијата за односи меѓу заедниците, од граѓанските организации како и претставник од Македонскиот центар за европско образование од Скопје.

Настанот беше организиран од страна на здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата Заеднички вредности од Скопје во партнертство со невладината организација Перспектива од Чаир,  во рамките на проектот „Човекови права – база за локален економски развој“, финансиран од Европската  унија.
 
Оглас за избор на 4 пилот-општини
Проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните “ (МЕК) поддржан од Европската унија објавува


ОГЛАС
за избор на 4 пилот-општини


Проектот има за цел подобрување на меѓуетничките односи и јакнење на институциите на системот, со цел зајакнување на демократијата во Македонија и забрзување на процесот на пристапување во ЕУ.

Во конкретните цели на проектот спаѓа подобрувањето на капацитетите на членовите на Комисиите за односи со заедниците (КОЗ) со цел да станат поефикасни, да се зголеми нивната видливост и способноста за работа во рамките на нивните законски одредени надлежности, преку употребата на нови технологии.

Право на учество имаат сите единици на локална самоуправа во Република Македонија кои ќе ги исполнат условите на конкурсот, од кои основен е да имаат законска обврска да формираат Комисија за односи меѓу заедниците.

Целосната апликација заедно со упатството за пријавување и условите треба да се преземат од тука
  • Пријава за учество 
    • Мајкрософт Ворд документ ( мк | sq )
    • Опен офис документ ( мк | sq )
  • Напатствија за пријавување
    •  Мајкрософт Ворд документ ( мк | sq )
    • Опен офис документ ( мк | sq )

Се препорачува испраќање на скенирана копија по е-пошта на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , а пополнетите пријави и дополнителни документи во оригинал треба да се достават по пошта на следната адреса:

Фондација Метаморфозис
ул. „Апостол Гусларот“ бр. 40
1000 Скопје

Рокот за пријавување е 16 мај 2010 година во 16 часот. За дополнителни информации јавете се на  тел. 02 / 3113 966 или 3217240 (Хајрије Ахмед).
 
Маврово и Ростуше - ИПА фондови како можност и перспектива за локален економски развој
На 29 април во општина Маврово и Ростуше со почеток во 13:00 часот се работилница на тема: „ИПА фондови како можност и перспектива за локален економски развој“.

Целта на работилницата беше запознавање со фондовите ЕУ, пристапот до истите и можностите кои ги нудат.
На работилницата присуствуваа претставници на ЕЛС, Советот на општина Маврово и Ростуше, претставници од јавните претпријатија и претставници од граѓанските организации како и претставник од Македонскиот центар за европско образование од Скопје.

Настанот беше организиран од страна на здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата Заеднички вредности од Скопје во партнертство со невладината организација Рекански Бисер од Ростуше,  во рамките на проектот „Човекови права – база за локален економски развој“, финансиран од Европската  унија.
 
Врапчиште - ИПА фондови како можност и перспектива за локален економски развој
На 29 април во општина Врапчиште со почеток во 10:00 часот се работилница на тема: „ИПА фондови како можност и перспектива за локален економски развој“.

Целта на работилницата беше запознавање со фондовите ЕУ, пристапот до истите и можностите кои ги нудат.
На работилницата присуствуваа претставници на ЕЛС, Советот на општина Врапчиште, претставници од јавните претпријатија и претставници од граѓанските организации како и претставник од Македонскиот центар за европско образование од Скопје.

Настанот беше организиран од страна на здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата Заеднички вредности од Скопје во партнертство со невладината организација Милениум од Врапчиште,  во рамките на проектот „Човекови права – база за локален економски развој“, финансиран од Европската  унија.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 11 од 61

© 2010 www.cv.org.mk
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.