На 15-16 Декември, во Женева се организираше Форумот за малцински прашања при Советот за Човекови права на Обединетите Нации. Фокусот на овој форум беше насочен кон правата за образованието на малцинствата.
На овој форум повеќе од 400 учесници, експерти за малцински прашања, експерти на Обединетите Нации, претставници на влади, меѓународни и регионални организации, невладини организации земаа учество. Заеднички вредности исто така беше дел од овој настан со свои претставници.
На дводневниот форум посветен на образованието се работеше на предлог препораките подготвени од страна на експертите на Обединетите нации. Истите препораки ќе бидат доставени до Советот за Човекови права при Обединетите нации во Март 2008. Се дискутираше за разни теми поврзани со правото на образование на малцинствата. Се говореше за Основните потреби за ефективна образовна стратегија, Еднаков пристап за квалитетно образование за малцинствата, Образовната средина и управувањето со школите и Релации помеѓу стратегиите за десегрегација, културната автономија и интеграцијата во потрага по социјална кохезија.
|
|
|
Втората обука од серијата обуки кои ќе се спроведуваат во рамките на проектот за Меѓуетнички дијалог во средните училишта во Република Македонија „Mosaic“ чија цел е насочени кон промоција на дијалог, комуникацијата и соработката меѓу наставниците и учениците со различна етничка припадност и религија за подобрување на животот во средните училишта во Република Македонија, се одржа во хотел Фершпед – Маврово во периодот од 07 до 09 ноември, 2008 година.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Под мотото „Под исто сонце“ во саботата (1 ноември 2008 год.) се одржа првиот еднодневен мултиетнички хепенинг на Скопски саем, кој е дел од кампањата за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија.
Културата, традицијата и вредностите како обележја на различните етнички заедници беа промовирани од страна на невладини организации и институции, од кои најбројни беа културно-уметничките друштва, женските организации и музеите. Народни носии, ракотворби, кулинарски специјалитети и фолклорни игри беа претставени од страна на 800 учесници од 28 населени места. Повеќе од 6000 посетители од цела Македонија имаа можност да се дружат и да вкусат традиционални јадења, да уживаат во музиката и да се запознаат со спецификите на културата и традицијата на различните етникуми во земјава. Беа презентирани и кратки документарни филмови, етнолошки изложби, ликовни дела и стрип работилница.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Првата обука од серијата обуки кои ќе се спроведуваат во рамките на проектот за Меѓуетнички дијалог во средните училишта во Република Македонија „Mosaic“ чија цел е насочени кон промоција на дијалог, комуникацијата и соработката меѓу наставниците и учениците со различна етничка припадност и религија за подобрување на животот во средните училишта во Република Македонија, се одржа во хотел Макпетрол – Маврово во периодот од 17 до 19 октомври, 2008 година.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Почитувани, ви најавуваме уште две локални иницијативи во рамки на проектот „Правата на малцинствата во практика“.
Имено, во општина Шуто Оризари во петок (31 октомври 2008) ке се одржи работилница која за крајан цел има формирање лоби група во општината, составена од претставници на општината, НВО и граѓани. Насловот на работилницата е: Градење партнерства помеѓу граѓанскиот сектор и општината Шуто Оризари.
Во општина Маврово и Ростуше во недела (02 ноември 2008) ќе се одржи јавна трибина со наслов: Разликите нé зближуваат. Ова е една од ретките прилики кога на иницијатива на граѓанскиот сектор се отвора дискусија за религијата и нејзината поврзаност со меѓуетничките односи. На трибината ќе присуствуваат и претставници од МПЦ и ИВЗ со кои ќе биде интересно да се разговара.
За подетални информации за времето и местото на одржување погледнете ги агендите во прилог.
Агенда Шуто Оризари
Агенда Маврово и Ростуше
|
|
|
Од 14.10.2008 година, Заеднички вредности ќе го спроведува проектот „Само јас можам да го дадам мојот глас“ - поддржано од УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации).
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 Следна > Крај >>
|
| Резултати 23 - 33 од 61 |