За проектот

Онлајн асистент

Поставете ни прашање и ние ќе се обидеме да најдеме одговор

При реализирањето на проектите на Здружението Заеднички вредности дојдовме до заклучок дека кај жените во руралните средини нивото на информации,  образование и  свеста за значењето на дигиталните вештини и нивното влијание врз личниот и професионалниот развој е многу ниско. Користењето на дигиталните вештини во секојдневниот живот за поголем дел од жените во руралните средини е непознато.

Тие имаат потреба од техничка поддршка и помош во разбирањето и користењето на технологиите, и за таа цел потребно е да се организираат ресурси и иницијативи кои ќе ги поддржуваат и ќе обезбедуваат техничка поддршка на жените од руралните заедници.  Исто така тие се соочуваат и со проблем во пристап до компјутери, интернет врска и други дигитални ресурси. Како недостаток на дигитални вештини за  пристап до онлајн  платформи тие во нивните рурални средини се соочуваат со предизвици за пазарна и економска аткивност. Голем предизвик е и пристапот до квалитетни здравствени услуги и информации кои жените треба да ги имаат и за таа цел треба да се работи на решавање и подобрување на социјалната состојба на жените во руралните средини. Затоа сметаме дека преку овој проект на  жените од руралните средни ќе им се помогне во надминување на социјалните бариери. Преку промовирањето на дигиталната писменост и нивна вклученост ќе придонесеме во надминување на овие бариери и ќе им се овозможи да имаат исти можности како жените од поразвиените  средини од аспект на социјална, еконсомска и  здравствена положба.

Цели на проектот:

Општата цел на проектот е да ги подобриме условите на животот на жените во руралните средини преку пристапот, употребата и примената на дигиталните технологии и вештини.

Специфични цели:

  1. Подигање на свеста кај жените за значењето и придобивките од дигиталните вештини
  2. Градење капацитети на жените во руралните средини за стекнување на основни дигитални  вештини
  3. Поврзување и создавање на мрежи помеѓу жените од руралните средини за споделување на искуства и инспирација во врска со користењето на дигиталните вештини.

Исполнувањето на овие специфични цели ќе придонесе за максимално искористување на огромната можност што ја нудат дигиталните економии и дигиталните општества со што ќе се дефинира нашата иднина.

последни

Упатства