Донатори:   Кинг Бодуен Фондација

Партнери: Кинг Бодуен Фондација и членките на регионалната мрежа

Времетраење: Март, 2008 година

Буџет:                   35.000.00 евра

 

Цели на проектот:

Цел на конференцијата: Размена на практики и искуства во однос на политичката партиципација на малцинствата во земјите од регионот на ЈИЕ (Македонија, Албанија, Романија, Бугарија, Србија, Косово (со посебна делегација), Црна Гора и Хрватска.

Учество:

Присутни беа вкупно 80-тина учесници. (Партнери од регионот, Експерти за малцински и човекови права)

Активности: Конференцијата беше организирана преку четири панел-дискусии и четири работилници. На секоја панел-дискусија по двајца експерти  имаа излагање за соодветната тема. Работилниците, исто така,  ги спроведуваа експерти докажани во својата област.

Имајќи предвид дека се работи за регионална конференција, во рамките на конференцијата беа предвидени и експерти од други држави од регионот да имаат свои излагања.

Во рамките на панел-дискусиите беа обработени следниве теми :

  • Влијанието на малцинствата во процесот на донесување одлуки на владино ниво
  • Процесите на децентрализација и политичката партиципација на малцинствата на локално ниво
  •  Малцинствата и политичките партии
  • ЕУ условеноста во однос на политичката партиципација на малцинствата

Следниве работилници беа дел од конференцијата:

  •  Начини на остварување интереси преку преговарање во пракса и на национално ниво
  • Создавање и спроведување успешна изборна платформа
  • Влијанието на НВО во зголемувањето на политичката партиципација на малцинствата
  • Што велат извештаите на ЕУ за малцинските прашања

Резултати: По одржувањето на регионалната конференција следуваше издавање на публикација која ги содржи есеите претходно подготвени за секоја соодветна панел-дискусија. За таа цел беше ангажиран експерт кој беше задолжен за уредување на истата.

Споделете!