Денес, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа завршната конференција на тема „Функционалноста на Комисиите за односи меѓу заедниците (КОЗ)”, организирана од Здружението „Заеднички вредности“, во рамките на проектот „Градиме мостови“, поддржан од Министерството за односи меѓу заедниците.
На настанот присуствуваа околу 50 претставници од општините, членовите на комисиите за односи меѓу заедниците, граѓански организации, академската заедница и медиумите. Присутните дискутираа за улогата, значењето и предизвиците со кои се соочуваат овие комисии во мултиетничките општини низ државата.
Конференцијата ја отвори Флорент Бајрами, координатор на проектот „Градиме мостови“, кој потенцираше дека комисиите треба да се гледаат не како формални тела, туку како активни механизми за дијалог, доверба и инклузија.
Проф. д-р Наталија Шикова од Меѓународниот балкански универзитет ја презентираше анализата на законската рамка и практиките во работењето на комисиите.
Надир Реџепи, експерт за локално управување, зборуваше за значењето на транспарентноста и еднаквата застапеност.
Милсим Хасипи, експерт за меѓуетнички односи, истакна дека комисиите се клучен инструмент за зачувување на меѓуетничката кохезија, но често не се доволно функционални поради недостиг на редовни состаноци и обуки.
Своето искуство го сподели и Ахмет Јашаровски од Општина Куманово, кој ја истакна успешната практика на комуникација со локалните заедници.
Во завршниот дел, под модераторство на Флорент Бајрами, се одржа отворена дискусија за стандардизирање на работењето на комисиите и зајакнување на нивната видливост.
Конференцијата заврши со конкретни препораки за унапредување на функционалноста на КОЗ и поттикнување на културата на дијалог и доверба меѓу заедниците во локалната самоуправа.
Линкот за анализата zaednicki vrednosti


